Search

Развојот на вакцина од Универзитетот Оксфорд со половични изгледи за успех

Тестирањето на вакцината против Ковид-19, што се развива на Универзитетот во Оксфорд, има 50 проценти шанси за успех затоа што коронавирусот во Велика Британија се чини дека брзо исчезнува, изјави за Телеграф еден од професорите што го води развојот на вакцината.

Адријан Хил, директор на оксфордскиот Институт Џенер, кој работи со производителот на вакцини „АстраЗенека” на развој на вакцината, рече дека постои опасност претстојното тестирање, во кое се вклучени 10.000 доброволци, да не даде никакви резултати поради малата трансмисија на Ковид-19 во заедницата.

– Тоа е трка со исчезнување на вирусот, трка против времето” изјави Хил за британскиот весник. – Во моментов постои 50 отсто шанса да не добиеме никакви резултати, потенцира тој.

Експерименталната вакцина, наречена ChaAdOx1 nCoV-19, е една од најперспективните во глобалната трка да се најде заштита од новиот коронавирус, кој ја предизвика пандемијата на болеста Ковид-19.

Неговиот тим почна рана фаза на тестирање на својата вакцина врз луѓе во април, а само неколку вакцини успеаја да стигнат до таа точка на развој.

Треба да знаете
Последни објави