Search

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс завршен

Разводот на основачот на „Мајкрософт” – Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс, инаку обајцата со-основачи на една од најголемите приватни фондации во светот, беше приведен кон крајот, пред судот во Сиетл, Вашингтон, САД.

Двојката поднесе барање за развод на 3 мај, по 27 години брак. Бил и Мелинда Гејтс тогаш изјавија дека постигнале договор за поделба на заедничкиот имот и најавија дека ќе продолжат со заедничката филантропска работа.

Гејтс поддржува широко прифатени програми за борба против маларијата и детската парализа, како и за исхрана и вакцинација на децата.

Нивната фондација лани даруваше околу 1,75 милијарди долари за борба против Ковид-19 пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави