Search

Разбојништва во Скопје: Ограбена бензинска и вработен во казино

Вработен во казино и бензинска пумпа биле ограбени денеска во Скопје, информираше МВР.

-На 12.08.2019 во 08,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот АВНОЈ пред канцеларија на ланец казина, две лица, од кои едниот имал пиштол, физички го нападнале и извршиле разбојништво над М.Ц.(57), вработен во казино, и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Според полицијата, утрово околу 5 часот била ограбена бензинска пумпа на улицата Ѓорче Петров. Разбојникот со закана извршило разбојништво и одзело неутврдена количина на пари.

Треба да знаете
Последни објави