Search

Разбојник со пиштол ограбил казино во Дебар

Маскиран и вооружен разбојник извршил грабеж во казиното „Стар” вчера во Дебар. 

Според полицијата, разбојникот насилно влегол во казиното кое се наоѓа на главната улица „8 Септември” и заканувајќи се со пиштол одзел поголема сума на пари.

-Разбојништвото во ПС Дебар било прјавено на 15 април во 4.50 часот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Во постапката ќе бидат корстени и снимките од безбедносните камери.

Треба да знаете
Последни објави