Search

Радиостаниците престануваат да емитуваат музика на Мајкл Џексон

Откако излезе новиот документарен филм Leaving Neverland, во кој се зборува за Џејмс Сафешук и Вејд Робсон кои Мајкл Џексон наводно сексуално ги злоупотребувал кога имале 10 и 7 години, некои радиостаници одлучија да го бојкотираат кралот на поп-музиката.

Три радиостаници во Канада одлучија да престанат да ги емитуваат хитовите на Џексон, а Кристин Дикаир од радиостаницата Cogeca рече дека оваа одлука е донесена врз основа на желбите на слушателите.

Истата одлука беше донесена од радиостаниците во Нов Зеланд. Сите радиостаници во сопственост на MediaWorks и New Zealand Media Entertainment престанаа да ги пуштаат песните како што се Billie Jean, Beat It, Thriller…

„Ние не одлучуваме за тоа дали Мајкл Џексон е виновен за педофилија или не, само сакаме нашите слушатели да ја слушаат онаа музика која навистина сакаат да ја слушнат”, рече Леон Врат од MediaWorks групата.

Смртта на Џексон остави многу неодговорени прашања, па дури и откако авторите на документарецот повторно ја оживеаја оваа приказна, многумина сè уште не веруваат дека Џексон го направил она за што го обвинуваа.

Треба да знаете
Последни објави