Search

Раде Шербеџија ја испофали Јелена Карлеуша: “Јеца ме шармира со својот ум и својата откаченост“

Ете, Раде ме фали и го гледа „Гранд“, човекот е навистина крал и шмекер. Што ќе прават сега сите тие негативци, ужасни хејтери, возврати “мала од скандала“

-Јас ја обожавам таа Карлеуша. Ме шармира со својот ум, интелигенција, откаченост, едно потполно сјајно лице, кажа светски познатиот актер и пејач Раде Шербеџија неодамна во еден муабет за “мала од скандала“, а таа е пејачката Јелена Карлеуша која и македонската публика ја гледа (секоја сабота) во шоуто “Ѕвездите на Гранд“. Кога тој муабет стаса и до самата Јелена, таа не можеше да се воздржи од воодушевеност:

-Човекот е крал, тој е легенда, голема ѕвезда, единствениот наш актер од овие простори кој направи светска, холивудска кариера. Му го испратив видеото на Саша Поповиќ, кој не го слушал делот како ме фали, но слушнал дека гледа „Гранд“ и единствениот коментар му беше: „Ајдееее, па Раде Шербеџија гледа “Гранд шоу“.

Ете, Раде ме фали и го гледа „Гранд“, човекот е навистина крал и шмекер. Што ќе прават сега сите тие негативци, ужасни хејтери кога вака ме фали таква светска фаца. Горда сум и благодарна сум му, се надевам дека на некој начин ќе успеам на Раде да му се реванширам!

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави