Search

Раде Шербеџија уапсен под дејство на алкохол

Американски таблоид  пренесува дека актерот Раде Шербеџија е уапсен при возење во алкохолизирана состојба.

 

Хрватскиот актер е уапсен во Санта Моника, откако полицајците воочиле дека тој не ги почитува сообраќајните знаци, при возење со автомобил минатиот викенд.

Пo запирањето, во автомобилот пронајдено е отворено шише виски, како и 71-годишниот Шербеџија во видно алкохолизирана состојба, велат полициските извори.

Тестирањата покажале дека актерот имал поголемо ниво на алкохол во крвта од дозволеното.

Тој е пуштен од притвор, откако ја платил кауцијата.

Треба да знаете
Последни објави