Search

Радев: Ќе предложам уставни измени по изборите

Моите критики се однесуваат на оние кои управуваат со нас неефикасно. Јас не се мешам во работите на ниту една партија, но не дозволувам никој да се меша во моите работи. Бугарија веќе е во криза – политичка, здравствена, економска, но најголема е владината криза. Оние кои се на власт секојдневно не туркаат во ќорсокак. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев по денешната посета на Бугарската академија на науките (БАН).

Според него, Бугарија пропаѓа и станува негативен херој во светскиот медиумски простор, губејќи го легитимитетот во сите меѓународни институции.

– На тоа треба веќе да се стави крај преку фер предвремени избори, истакна Радев, нагласувајќи дека е потребна дебата за нов социјален договор.

Во врска со уставните измени на Владата, шефот на државата истакна дека владејачката партија ГЕРБ предизвика „потсмев”.

– Јас го избрав другиот пат – прво разговори со академската заедница за идентификување на проблемите, разговор со невладини организации и граѓани, разговори со експерти, со сите институции и на крај разговори со партиите. Постигнавме друга фаза на социјален развој поради протестите и поради целосната недоверба во овој Парламент. Не гледам причина сега да ги поднесам моите предлози за измени на Уставот, ќе ги доставам кога бугарскиот парламент ќе го врати легитимитетот, односно по изборите, нагласи бугарскиот претседател.

Радев додаде дека без силна, обединета и конструктивна опозиција, секоја демократија згаснува.

Треба да знаете
Последни објави