Search

Радев: Зошто главниот обвинител на Бугарија гледа криминал и корупција насекаде освен во МС

Зошто Гешев гледа криминал и корупција насекаде освен во Министерскиот совет. Таа изјава е коментар на бугарскиот претседател Румен Радев по најавите на главниот обвинител да побара целосна проверка на процесот на приватизација.

– Проблемот не е во бруталниот напад кон претседателот на државата проблемот е во начинот на управување со државата во раководството, контролата и користењето на службите во зачувувањето на законот од нивна страна, бидејќи тоа се рефрлектира врз правната држава врз демократијата и врз правата на обичните бугарски граѓани, изјави Радев.

Главниот обвинител на Република Бугарија, Иван Гешев,  побара од Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) да направи целосна проверка на процесот на приватизација и на контролата на овој процес од одговорните министерства, агенции и други државни органи, сооопшти Обвинителството.

Според Радев, допрва ќе треба да се одговори на многу прашања.

– Првиот и најважен според мене, е врската премиер-главен обвинител… Вие сите знаете кој прислушкува. Тоа е ДАНС. На кого е потчинета ДАНС? Директно на Министерскиот совет по закон и функционално директно на премиерот. И ако е така, знаел ли премиерот дека негови потчинети го прислушкуваат претседателот и ако знаел – зошто дозволил непочитување на законите. Ако не знаел, тогаш имаме човек за премиер кој е неспособен да управува со тие важни служби, изјави Радев.

Претсеатделот додаде дека остануваат и други прашање: Зошто Гешев гледа криминал и корупција насекаде, но не и во Министерскиот совет каде се распределува и троши буџетот од прво лице. И од таа огромна амбиција на главниот обвинител да се справи со криминалот и корупцијата некако не гледам очекувани резултати…Се трошат милијарди без јавни порачки и речиси и да не знаеме на кого се даваат парите, вели Радев.

Тој рече дека очекува многу повеќе од јавниот правобранител, не само во борбата против корупцијата, со криминал веќе се бори на многу фронтови, но очекува да се обрне внимание на оние сигнали што стојат во обвинителството и истражувачкото новинарство, што дава сериозен повод за самоанализа.

Треба да знаете
Последни објави