Search

Радев: Бугарија ќе исцрта црвени линии за членството на С.Македонија во ЕУ

Бугарската Влада ќе формулира јасни крајни цели кои треба да бидат постигнати пред завршувањето на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ, изјави претседателот Румен Радев по консултативната средба со премиерот Бојко Борисов и министрите, пренесува „Трудбг.

Радев го пренесе ставот што го зазел државниот врв, Бугарија во преговарачката рамка за зачленувањето на С.Македонија во ЕУ ќе вгради задолжителни услови кои таа треба да ги исполни и со кои ќе се заштитат бугарските национални интереси.

-Исто така, ќе има и прашања за кои ќе мора да се најде решение во секоја конкретна етапа од преговорите. Со таа рамка ќе биде запознаен и бугарскиот параламент. Особено внимание треба да се обрне на наставните планови и програми, на текстовите во учебниците, натписите во музеите и на спомениците, како и на државните медиуми,
појасни Радев.

Тој посочи дека е важно да се исцртаат црвени линии кои ќе бидат гаранција дека европската интеграција на Македонија нема да е на сметка на бугарската историја, јазик и идентитет.

„Треба многу да јасно да се стават предуслови, кои доколку не се реализираат, нема да се дозволи отварање нови поглавја, Тоа треба да биде јасно нагласено, како конкретна, отворена и конструктивна позиција уште на почетокот, при отварањето на преговорите,рече Радев.

Според него, на Договорот за пријателство и добрососедство му недостигаат услови, рокови и мерливост.

„И покрај усилбите од бугарска страна, Заедничката Комисија не постигна особени резултати. Особено се разочарувачки последните средби. Со таквото однесување, нашите соседи придонесоа кај нас да се роди несигурност и недоверба,
вели Радев.

Треба да знаете
Последни објави