Search

Рагник нема да го води Манчестер јунајтед против Арсенал

Германецот Ралф Рагник иако вчера беше промовиран како нов тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, нема да го има своето деби на клупата на дуелот со Арсенал. Германскиот стручњак ќе почека на своето деби на клупата на „црвените ѓаволи“ поради тоа што и натаму се чека неговата работна дозвола. Веројатно нема да ја добие до четврток, кога Јунајтед игра со Арсенал, и веројатно на тој меч тимот ќе биде предводен од Мајкл Керик, кој во минатите два меча го водеше Манчестер. Згора на тоа во Велика Британија од денеска важат и новите ковид протоколи кои дополнително ќе го оддалечат Рангник од клупата. Ако биде се како што треба, Рагник би требало да дебитира на дуелот со Кристал Палас.

Искусниот 63-годишен Германец доаѓа на местото на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер кому му беше врачен отказ по поразот од Ватфорд.

Треба да знаете
Последни објави