Search

Работнички со пресверт до бодовите од дуелот со Кожув

Кошаркарите на Работнички славеа со 100:85 против Кожув во 9. коло од прволигашката конкуренција. Тимот од Градскиот Парк до бодовите како домаќин дојдоа со пресврт во второто полувреме откако анулира негатива од 16 поени (43:59) на гостинот од Гевгелија.„Црвените“ со серија од 22:6 дојдоа до иразмнување на 65:65, а третата четвртина ја завршија со предност од два поени (73:71). Кожув се држеше уште неколку минути во последната четвртина, до 76-76 кога домаќините постигнаа седум поени во низа, за на четири минути пред крајот на мечот Работнички да направи и двоцифрена предност (89:78), а до крајот само уште ја зголеми високата разлика.

Резултати од денешните одиграни натпреаври од 9. коло:  МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел  66:81, Работнички – Кожув 100:85, Ангели – Пелистер 88:142.

Утре се играат натпреварите: ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром (17 ч.), Куманово – Феникс (18 ч.) и Гостивар – Навико Академија ФМП (19 ч.)

.

Треба да знаете
Последни објави