Search

Работнички ангажира бек од Хрватска

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички го ангажира искусниот хрватски интернационалец Карло Враговиќ со кого потпиша едногодишен договор. Хрватскиот интеранционалец игра на бековската позиција. Настапот во новата сезона за Работнички ќе биде  враќање на Враговиќ во мак-баскетот, бидејќи во периодот од 2014 до 2016 тој ги бранеше боите на Фени Индустри.

-Многу сум задоволен од условите, клубот има големи амбиции во домашното првенство и во регионалната АБА2-лига каде ќе биде дебитант. Многу добро ја познавам државата и опкружувањето во кое ќе играм. Тренер им е поранешниот играч Димитар Мираковски, а спортски директор легендата на македонската кошарка, Марин Докузовски – истакна Враговиќ за „Баскетбал.хр“.

Враговиќ кој има 31 година, а во играчката кариера освен во Македонија има настапувано и за тимови Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција и Романија.

Треба да знаете
Последни објави