Search

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

Вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија каде неделава претседателот Доналд Трамп одржа говор, им било кажано дека ако не присуствуваат на настанот нема да добијат плата.

Телевзијата „Си-Ен-Ен”, добила интерен меморандум во кој се вели дека оние кои не присуствуваат на говорот на Трамп не смеат да протестираат.

На говорот што се одржа во вторникот и кој требаше да биде поврзан со развојот на регионот, бидејќи патувањето на претседателот беше финансиранот од државата, тој настапи како да е на кампања и изјави дека ако синдикатите гласаат за него на изборите во 2020 година, тој ќе се погрижи нивните лидери да бидат повторни избрани.

-Вашет присуство не е задолжително. Ако не присуствувате треба да земете слободен ден. Оние кои (не зеле слободен ден и) не присуствуваат нема да бидат платени во петок, се вели во меморандумот што работниците го примиле неколку денови пред говорот на Трамп.

Новиот комплекс е на нафтената компанија „Шел” и наскоро се отвара за да произведува пластика од вторични суровини добиени од производство на природен гас од шкрилци.

Админстрацијата на Трамп сестрано го поддржува развојот на нафтената индустрија на САД, занемарувајќи ги плановите на демократите за користење и развој на обновливи извори на енергија.

Треба да знаете
Последни објави