Search

Работник со вилушкар повредил колега

Работник бил повреден од вилушкар што го управувал негов колега, вчера во фабрика во Виница.

Според полицијата, во 18.10 часот во ПС Виница било пријавено дека од Општата болница-Кочани дека кај нив со  повреди бил донесен Ј.Х.(25) од Виница.

Според пријавата, Р.С.(45) од Виница управувајќи вилушкар во фабрика во Виница, со палета го удрил Ј.Х. и го повредил.

Увид извршила екипа од ПС Виница и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави