Search

Работник се повредил во маркет, пренесен е во болница

Синоќа во полицијата било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Г.С.(25) од Скопје, кој се повредил во пределот на десната нога додека извршувал работни задачи како вработен во маркет во трговски центар на булеварот „Јане Сандански“.

„Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е известен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави