Search

Работник повреден во кичевска фабрика

Вчера, околу 5 часот, во Итната медицинска помош бил донесен  59-годишниот Д.М. од Кичево со повреди здобиени на работно место во фабрика во Кичево.

Поради сериозноста на повредата, со медицинско возило е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување, соопшти Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Треба да знаете
Последни објави