Search

Работник на фарма се заразил со коронавирус од куна

Работник на фарма којашто одгледува канадски куни за извоз на крзно се заразил со коронавирус од животните, објави холандската министерка за земјоделство во писмото до парламентот.

Коронавирусот за прв пат е регистриран на фарма за куни во април, откако чуварите забележале дека некои животни имаат потешкотии при дишењето.

Упатствата на министерството во кое се вели дека луѓето можат да ги заразат животните, но не и обратно, биле погрешни, призна министерката Карола Шутен во писмото до парламентот
Сепак, таа додаде дека Институтот за јавно здравје сè уште ја смета за минимална можноста за пренесување на вирусот надвор од објектите со кафези.

Крзното на канадската куна се продава на кинескиот, корејскиот, грчкиот и турскиот пазар, потсетува Ројтерс. Во 2013 година, холандската Влада, под притисок на активисти за правата на животните, забрани отворање нови фарми за канадски куни и најави затворање на постоечките до 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави