Search

Работник на „Амазон“ отпуштен од работа бидејќи барал поголема заштита од коронавирус

Работник на „Амазон“ кој го предводел протестот пред филијалата на „Амазон“ во Њујорк е отпуштен од работа.

Крис Смолс бил асистент на менаџерот во магацинот на „Амазон“, каде што работел 5 години. Тој го предводел протестот во кој со десетици колеги барал да ја затворат и дезинфицираат зградата во која работат, бидејќи повеќе вработени се разболеле од коронавирус. Работниците исто така побарале повеќе заштитна опрема и надомест за опасна работа за време на пандемијата.

„Амазон“ тврди дека Смолс не се придржувал кон мерката да остане дома која му била наредена затоа што дошол во контакт со заразено лице и дека отказот нема врска со протестот.

Целиот случај ќе го испита њујоршкиот комесар за човекови права по барање на градоначалникот.

Треба да знаете
Последни објави