Search

Работна средба на МНР Никола Димитров со Амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Денес,  во организација на амбасадорот на Чешката Република, земја која тековно претседава со Вишеградската група, а согласно воспоставената пракса, се одржа работна средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорите на земјите од Вишеградската група. Во оваа група покрај Чешка членуваат и Полска, Унгарија и Словачка.

Министерот Димитров ги брифираше амбасадорите за последните внатрешно-политички случувања, резултатите во клучните реформиски области, сето тоа во контекст на потребата од октомврискиот Совет на ЕУ да усвои одлука за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Се заблагодари на досегашната поддршка на земјите од В4 на процесот на пристапување, како и на секоја од земјите од Регионот поединечно. Оваа поддршка неодамна беше уште еднаш демонстрирана преку одржување на првиот Самит на премиерите од В4 и Западен Балкан.

Треба да знаете
Последни објави