Search

Работна средба на министерот Спасовски со австрискиот амбасадор Вуцас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија , Н.Е. д-р Георг Вуцас на кого му завршува работниот мандат во земјава, во придружба на полициското аташе Манфред Јурчевиќ.

На средбата министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за неговата поддршка и  соработката на Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија  со Министерството за внатрешни работи  и изрази  уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

 Во оваа прилика министерот Спасовски му врачи плакета на амбасадорот Вуцас во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.  

Треба да знаете
Последни објави