Search

Работна акција на ЛК на СДММ во спортско-рекреативниот центар „Крушино” кај Кичево

Локалниот клуб на Социјалдемократската младина од Кичево, во спортско рекреативниот центар „Крушино”, на местото каде што порано имаше нишалки и клацкалки за деца, кои беа искршени или уништени од несовесни граѓани, денеска поставија нови, квалитетно изработени и офарбани, кои од утре ќе можат да се користат. Исчистен е и теренот и пристапот до нив.

– На акцијата бевме посетени и помогнати од носителката на листа во ИЕ 5 Радмила Шеќеринска на победничката коалиција „Можеме”, вели преседателот на ЛК на СДММ во Кичево Виктор Алексоски.

Тој апелира да се користат разумно, за забава и рекреација на најмладите, но да не се уништуваат, и повика доколку се забележи намерно уништување или оштетување да се пријави кај надлежните органи.

Треба да знаете
Последни објави