Search

Работилница на Комисиите на СДСМ за стратешко планирање, носечките столбови на Програмата се исполнети

Викендов, во соработка со ИРИ – Меѓународниот републикански институт, Комисиите на СДСМ и партискиот Аналитички центар се одржува работилница за стратешко планирање и приоритети за спроведување.
 
На повеќе од година дена до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет.
 
Парите кај граѓаните – исполнето!
 
Дополнително, социјалната помош е покачена за 300%, земјоделците точат нафта поевтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5% и следуваат субвенции за бесплатни инвертери за еколошко греење во домаќинствата. Сѐ ова  е насочување на парите кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет.
 
Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, судство кое гони и покрева одговорност за секого.
Треба да знаете
Последни објави