Search

Работен состанок во грчкото МНР во рамките на стратешкиот дијалог Грција – САД

Развој на соработката во трговијата и инвестициите, енергетиката и регионалната економска соработка и контактите меѓу граѓаните беа темите на кои бил ставен акцентот на денешниот работен состанок во Министерството за надворешни работи на Грција, во рамките на грчко- американскиот стратешки дијалог, јави дописничката на МИА од Атина.

Состанокот под палката на шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос со делегација од САД,  предводена од американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат е во рамките на стратешкиот дијалог Грција – САД, што почна во Вашингтон на 13 декември минатата година, а на денешниот работен состанок било договорено да се следи напредокот и бил одреден временскиот период за следните средби.

– Двете страни ја истакнаа динамиката во меѓусебните односи и ја потврдија взаемната нивна посветеност за дополнително да се продлабочи нивната соработка, се посочува во соопштението од грчкото МНР.

Треба да знаете
Последни објави