Search

Работа од дома и забрана за собирање во домовите се новите мерки на британската влада

Министерот во Владата на Велика Британија, Мајкл Гоув, утрово за Би-Би-Си најави дека премиерот Борис Џонсон ќе се обрати во долниот дом на парламентот во попладневните часови и ќе објави нови рестриктивни мерки поради зголемувањето на бројот на лица кои страдаат од Ковид-19, истакнувајќи дека училиштата остануваат отворени.

Гоув исто така им порача на оние кои можат, да работат од дома.

Новите мерки предвидуваат сите пабови и ресторани да бидат затворени навечер од 10 часот, додека луѓето во Северна Ирска нема да смеат да се дружат со други во становите и домовите од 18 часот, со исклучок во дворовите.

Дозволено е да се соберат до шест лица од две домаќинства, и тоа само во градините и дворовите на приватни куќи.

Џонсон деталнно ќе претстави мерките во попладневните часови.

Треба да знаете
Последни објави