Search

Рабио флертува со „Старата дама”: Би играл за Јуве

Францускиот играч од средниот ред Адријан Рабио потврди дека преговара со италијански Јувентус.

Дваесет и четири-годишниот фудбалер има договор со ПСЖ до крајот на овој месец, а потоа станува слободен агент. Тој не играл од декември кога одбива да го обнови договорот со парижаните, но сепак постои шанса да го стори тоа.

На хоризонтот, сепак, се појави и „Старата Дама”, а Французинот призна дека неговите агенти водат преговори со „бјанконерите”.

– Јувентус е голем клуб и секој би играл за него, вели Рабио, кој е следен уште од Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона.

Тоа може да стане второто големо име што Јуве го зема без пари ова лето. Торинскиот тим си ги обезбедија услугите и на Арон Ремзи од Арсенал пред неколку месеци.

Треба да знаете
Последни објави