Search

Рабиеи: Иран го откри идентитетот на лицата вмешани во убиството на научникот Фахризаде

Иранските власти денеска соопштија дека го откриле идентитетот на лицата вмешани во убиството на водечкиот експерт за нуклеарна физика во земјата, Мохсин Фахризаде.

-Иранското Министерство за разузнавање ги откри идентитетите на лицата поврзани со минатонеделното убиство на Мохсин Фахризаде”, изјави портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи, пренесе агенцијата Анадолија.

Тој за иранската државна телевизија изјави дека е во тек детална истрага за атентатот и дека Иран ќе преземе чекори во согласност со резултатите од оваа истрага.

Иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алеви, пред три дена изјави дека Иран собрал одредени информации за атентатот, но не откри детали.

Треба да знаете
Последни објави