Search

Пo приватна забава во Германија 900 луѓе во карантин

По една приватна семејна забава во германскиот град Билефилд, повеќе десетици лица се заразени со коронавирус, 900 луѓе мораат да останат во карантин.

Поради зараза на прославата повеќе училишта морале да преземат мерки за спречување на ширење на вирусот, па околу 900 ученици и наставници се во карантин.

Инаку, на прославата досега се заразиле 36 луѓе, но се уште не се сите гости идентификувани, велат властите.

Како што се наведува, бројот на заразени би можел да биде многу поголем, зошто се работи за прослава на роденден во приватен простор.

Според весникот „Вестфален Блат“, прославата почнала наутро и траела до доцна во ноќта, а гостите во текот на целиот ден се менувале, па е тешко да се утврди точниот број на гости.

Германската канцеларка Ангела Меркел за утре свика состанок на премиерите на покраините, а темата и натаму се мерките во борбата против пандемијата, пред се барањето на окрузите да се воведе горна граница на бројот на лица на приватни прослави.

Треба да знаете
Последни објави