Search

Пaраглајдеристи од Украина повредени при пад на Галичица

Двајца параглајдеристи од Украина се повредени при несреќа која што се случила попладнево околу 15 часот на планината Галичица. Според првичните информации тие изгубиле контрола додека летале во неповолни услови и паднале во близина на македонско-албанската граница.

Од МВР велат дека несреќата се случила на падините на Галичица, но на албанската страна поради што наши екипи во координација со албанските колеги се упатиле на пребарување на теренот, во обид да ги пронајдат.

Ккао што дознаваме од полициски извори, двајцата параглајдеристи полетал на македонска територија, иако и покрај топлото време имало и силен ветер. Но, тие сепак одлучиле да полетаат иако им било укажано да не ризикуваат.

Што се слушувало конкретно за време на летот не е познато. Претпоставките на полицијата се дека тие изгубиле контрола во тек на летот и заминале на албанска територија.

Мажот и жената од Украина паднале на 1 километар на албанска територија во близина на македонско – албанската граница.

Известени се спасувачките екипи, планинските тимови за спасување, граничната полиција и тие стапиле во контакт со пограничните служби во Албанија. Првичната информација е дека едниот е полесно, а другиот потешко повреден.

Акцијата на нивно извлекување е во тек.

Треба да знаете
Последни објави