Search

Пјонгјанг го смени шефот на дипломатијата

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо е сменет од функцијата, јавија локалните медиуми.

Се уште не е одредено кој ќе го замени, а неофицијално се дознава дека името на новиот шеф на дипломатијата, Пјонгјанг би требало да го соопшти следниот четврток.

Јужнокорејското Министерство за обединување, кое е надлежно за прашања поврзани со Северна Кореја, соопшти дека смената на статусот на Ри треба да се оцени многу внимателно.

Ри, кој е поранешен амбасадор на Пјонгјанг во Лондон, ја претставуваше Северна Кореја во преговорите за нуклеарната програма, но минатата година не присуствуваше на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, првпат после три години.

Треба да знаете
Последни објави