Search

Пјаниќ: Време е за Лигата на шампионите, Роналдо сега е на наша страна

Јувентус во последните неколку сезони игра одлично во Лигата на шампионите, но секогаш кога ќе стигнат до самата завршница потфрлуваат и си одат дома со празни раце.

„Во последните четири години стигнавме до две финалиња, не смее тоа да се заборави. Но, ни требаше нешто повеќе за да ја освоиме титулата“, изјави Миралем Пјаниќ и додаде:

„Веруваме во тој сон и оваа сезона. Ние сме на вистинскиот пат, а сега на наша страна е Роналдо кој може да биде клучен играч. Тој има освоено многу титули и е еден од најдобрите играчи на сите времиња“, изјави Миралем Пјаниќ.

Треба да знаете
Последни објави