Search

Пуштен во употреба вториот памптрак полигон, вложуваме во вело-културата во Град Скопје

Изјава за медиуми, Александра Антевска, советничка во Советот на Град Скопје

„Град Скопје предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов посветено вложува во промоцијата на вело-културата во нашиот град, што го прави градот урбано и модерно место за живеење. Во таа насока е пуштањето во употреба на вториот памптрак полигион во Скопје кој е сместен овде во Градскиот парк.

Имено, полигонот зафаќа површина од над 700 метри квадратни и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти, а овој простор ќе биде со соодветно осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода. Исто така, целосно беше реконструиран и големиот паркинг во непосредна близина на овој памптрак полигон со цел поголема пристапност за посетителите на Градскиот парк.Градот ја исполнува својата визија за подигнување на квалитетот на живот за граѓаните преку збогатување на содржините од овој тип, достапни посебно за помладите генерации, преку инвестирање во инфраструктурата, во животната средина и преку модернизирање на транспортот.
Градиме по план, вложуваме во подобрување на урбаниот живот во градот за да биде уште подобро.

Треба да знаете
Последни објави