Search

Пуштени на слобода припадниците на УНМИК кои украдоа паричник

Косовската полиција потврди дека вчера во Приштина се приведени двајца припадници на меѓународната мисија на Обединетите нации во Косово – УНМИК, осомничени дека во еден локал во центарот на градот украле паричник, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролката на полицијата за приштинскиот регион, Флора Ахмети изјави за коха.нет дека станува збор за една државјанка на Русија и еден државјанин на Албанија, обајцата припадници на УНМИК.

– Тие се приведени во полиција под сомнение дека во еден локал украле паричник. Истите, откако се сослушани, со одлука на надлежниот обвинител се ослободени во редовна процедура, изјави Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави