Search

Путин ќе учествува на Г-20 во Рим, но преку видео-врска

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ѝ порача на италијанскиот премиер Марио Драги дека е подготвен да учествува на самитот на Г-20 во Рим, што ќе се одржува на 30 и 31 октомври, но преку видео врска, објави денеска Кремљ.

Во соопштението се наведува дека Путин, за време на телефонскиот разговор со Драги, го пофалил претседателството на Италија со Г-20.

Кремљ наведува дека двајцата лидери „размениле мислења за анализата на ситуацијата во Авганистан, направена за време на неодамнешната видео конференција на Г20“, пренесува ТАС С.

Путин и Драги, исто така, се осврнале на „бројните аспекти на билатералната трговска и економска соработка“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави