Search

Путин ќе му честита на новиот претседател на САД по објавувањето на официјалните резултати

Рускиот претседател Владимир Путин навремено ќе му честита на новиот американски претседател веднаш откако ќе бидат објавени официјалните резултати од изборите во САД, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува „Спутник“.

Одговарајќи на прашање дали „молкот“ на Путин може да се толкува како сигнал дека Москва ги отфрла резултатите од гласањето, Песков увери дека не е така. Тој истакна дека Џо Бајден е прогласен за победник од американските медиуми, додека резултатите од официјалното броење на гчасовите сè уште не е објавено, а некои држави ги пребројуваат гласовите.

„Одлуката на Путин не е под влијание на фактот дека повеќето светски лидери веќе му упатија честитки на Бајден“, увери Песков.

Во средата, кинескиот претседател Сји Ѓинпинг му честиташе на Џо Бајден.Во понеделникот, американскиот претседател Доналд Трамп ја овласти администрацијата за општи служби да иницира формална транзиција кон тимот на Бајден, но продолжува да ги оспорува резултатите од изборите на 3 ноември, велејќи дека тој е победник и одбива да го признае поразот.

Треба да знаете
Последни објави