Search

Путин ја повтори подготвеноста за конструктивен дијалог со ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака со честитки до Урсула фон дер Лејен за нејзиниот избор за претседател на Европската комисија, објави прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС .

„Шефот на државата изрази уверување дека огромното политичко искуство на Урсула фон дер Лејен и меѓународниот статус ќе придонесат за конструктивната работа на Европската комисија и ќе придонесат за враќање на еднакво и заемно корисно партнерство меѓу ЕУ и Русија”, се вели во соопштението.

„Путин потврди дека Русија е подготвена за конструктивен дијалог со Европската Унија за итните политички, економски и хуманитарни прашања”.

Поранешната германска министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, беше избрана за претседател на Европската комисија во вторникот. За неа гласаа 327 члена на Европскиот парламент, 327 гласаа „против“, а 22 се воздржаа од гласање.

Треба да знаете
Последни објави