Search

Путин: Русија мора да направи сопствен интернет

Русија мора да создаде сопствени самостојни делови од интернетот во случај Западот да го блокира пристапот до глобалната мрежа, рече рускиот претседател Владимир Путин, а пренесуваат руските новински агенции.

„Мислам дека (странските земји) добро ќе размислат пред да го направат тоа, но секогаш постои теоретска можност (за Русија да биде исклучена од интернет) и затоа треба да создадеме сопствени сегменти кои не зависат од никого“, рече Путин, а пренесе агенцијата „Тасс“.

„Не можам да зборувам во име на нашите партнери, какви се нивните тајни планови, но мислам дека тоа за нив би била огромна штета“, рече тој без дополнително објаснување.

Путин ова го изјави откако руските законодавци се изјаснија за построга контрола на интернетот со цел заштита од надворешно мешање.

Критичарите, сепак, предупредуваат дека предложениот закон би можел да ја наруши слободата на изразување на интернет и дека ќе се користи за да ги задуши сите критики на сметка на властите

Треба да знаете
Последни објави