Search

Путин прогласи вонредна состојба поради излевање на 20.000 тони нафта во сибирска река

Претседателот на Русија, Владимир Путин, прогласи вонредна состојба поради еколошкиот инцидент во кој се излeaле 20.000 тони нафта во река која се наоѓа во Арктичкиот круг.

Резервоарот за гориво на термоцентралата во близина на сибирскиот град Норилск се распаднал минатиот петок, по што повеќе од 20.000 тони нафта истекле во реката, јавува „Би-би-си“.

Путин бил бесен бидејќи дознал дека владините претставници разбрале за несреќата само два дена откако таа се случила.

Со електроцентралата управува ќерка компанија на „Норилск никел“, водечка светска компанија во производство на никел и паладиум.

На вчерашната видеоконференција, Путин остро го критикуваше шефот на компанијата поради неговиот задоцнет одговор.

„Зошто владините агенции дознаа за тоа два дена по настанот?“ го праша Сергеј Липин, раководител на компанијата што управува со термоцентралата.

„Дали за вонредни ситуации ќе дознаваме преку социјалните мрежи?“, додаде Путин.

Треба да знаете
Последни објави