Search

Путин одговори на прашање дали планира да биде доживотен претседател

Во разговор со ветерани од Втората светска војна во Санкт Петербург, рускиот претседател, Владимир Путин, изрази мислење дека не треба да се врати практиката на неограничен мандат на претседателот на државата.

Како што пренесува агенцијата „Спутник“, еден од ветераните му пристапил на рускиот претседател, барајќи од него да го смени, односно како што рекол, да подобри еден од членовите на законот, така што овластувањата на претседателот нема да се ограничуваат со конкретен мандат.

„На тој начин народот ќе има можност на одредени периоди да одлучува дали ќе ја продолжи работата на претседателот или ќе го отповика, заблагодарувајќи му се за направеното“, ја објаснил ветераот својата идеја, додавајќи дека Путин во своето владеење ја зајакнал одбранбената способност на земјата, па отсега може да започне и со решавање на други прашања.

Путин му се заблагодарил на ветеранот за изнесените оценки и дал краток одговор.

„Во однос на мандатот, разбирам дека прашањето има голема поврзаност со тоа што нашите луѓе се загрижени за стабилноста на општеството и земјата – и за надворешната и за внатрешната стабилност“, посочил тој.

„Сепак, би било многу загрижувачко доколку се вратиме на ситуацијата од средината на 80-тите години на минатиот век, кога лидерите на државата, еден по друг, останаа на власт до нивната смрт, заминувајќи без да ги овозможат потребните услови за трансформација на власта. Затоа ви благодарам на убавите зборови, но подобро е да не се враќаме кон таквата ситуација“, истакнал претседателот на Руската Федерација.

Треба да знаете
Последни објави