Search

Путин: Нема потреба од нова ‘кубанска ракетна криза’ поради спорот помеѓу САД и Русија

Ако САД решат да распоредат проектили од среден дострел во Европа, тоа ќе ја ескалира тензијата на ниво слично на она на кубанската ракетна криза од 1962 година без никаква причина, тврди рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РТ.

Таквото распоредување би било овозможено само ако САД се повлечат од Договорот за неширење нуклеарно оружје со среден дострел (ИНФ) во следните шест месеци.

Путин тврди дека ако двете страни распоредат проектили во Европа, тоа ќе доведе до ескалација на тензиите невидена од 1962 година, кога САД се заканија дека ќе ги нападнат советскитебродови наместо да им дозволат да испорачаат нуклеарни проектили во Куба.

Постои ли сега некоја остра идеолошка конфронтација слична на онаа од Студената војна? Не постои. Ние имаме меѓусебни поплаки, конфликтни пристапи кон некои прашања, но тоа не е причина да ги ескалираме работите на ниво на Карипската криза од почетокот на 1960-тите “, рече Путин, користејќи го рускиот термин за опишување на ќор-сокакот меѓу Кенеди и Хрушчов.

Прашан дали Русија би размислила за превентивен напад против ракетите кои би ѝ претставувале закана, Путин рече дека нема потреба од такво нешто и дека сегашната нуклеарна доктрина на Русија исклучува превентивен напад.

Треба да знаете
Последни објави