Search

Путин на БРИКС: Борбата против коронавирусот мора да биде над политиката

Борбата против коронавирусот треба да биде над политиката, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на самитот на БРИКС (организација во која членуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка).

-Како што знаеме и умееме треба да ги деполитизираме прашањата поврзани со борбата против пандемијата, рече Путин на форумот, со што се согласи бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Тасс пренесува дка Путин пред колегите кажал дека Русија со други земји од БРИКС ќе работи врз реформата на глобалните светски организации.

-Мислам дека овде треба појасно да ја кажеме нашата позиција. Од витално значење е да се постигне консензус во рамките на нашата организација. Уверен сум дека нашата работа ќе биде позитивна и дека улогата на Бразил, Индија и Јужна Африка ќе се зголеми, заклучи Путин.

Треба да знаете
Последни објави