Search

Путин нареди изградба на најдолг мост на светот

Рускиот претседател Владимир Путин испрати инструкции до владата да се направи план за изградба на мост што ќе го поврзува островот Сахалин со копното на Русија. Инаку, како што изјави Путин, за овој мост се дебатира со децении.

Путин исто така посочи дека испратил барање до руската влада да работи на изведувањето на овој проект додавајќи дека овој мост ќе го олесни животот на луѓето.

Сахалин е единствениот регион во Русија без копнена врска со земјата. Изградбата на мостот до Сахалин ќе биде многу потешка и скапа бидејќи мостот ќе биде долг 580 километри со железнички и други инфраструктурни врски. Проектот ќе опфати изградба на три главни и повеќе од 10 дополнителни опсези и ќе чини неколку милијарди долари.

Овој остров се соочува со проблем бидејќи бројот на населението се намалил повеќе од 30 отсто, па сега има околу 500.000 луѓе, кои се одвоени од регионот и не се поврзани со руското копно.

Треба да знаете
Последни објави