Search

Путин: Навални можеби самиот се отрул, Навални: Путин ме надигра

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални можеби самиот се отрул со новичок, наводно му рекол рускиот претседател Владимир Путин на францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе „Ле Монд”.

Путин наводно во телефонски разговор со Макрон на 14 септември рекол дека Навални неколку пати ги „симулирал своите болести”, пренесува „Москва тајмс”.

Навални, кој денеска беше пуштен од болница во Германија, каде се лекуваше од труење, реагираше на наводните тврдења на Путин како нелогични.

– Мојот план беше да зготвам новичок во кујната, да го пијам полека во авион, да умрам и да завршам во мртовечница во Омск, каде што мојата причина за смртта ќе биде наведена како „живеел доволно долго”, напиша Навални на Инстаграм.

Тој додаде иронично: „Путин ме надигра. На крајот, поминав 18 дена во кома како идиот и не го добив тоа што го сакав “. 

Треба да знаете
Последни објави