Search

Путин може да го разгледа барањето за помилување на норвешкиот шпион Фроде Берг

Рускиот претседател, Владимир Путин, ќе ја разгледа можноста за помилување на норвешкиот субјект Фроде Берг, осуден во Русија за шпионажа, ако такво барање биде доставено до Кремљ во согласност со сите неопходни процедури, изјави портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Ако такво барање биде поднесено и ги помине сите фази, ќе чекаме шефот на државата да донесе одлука”, рече Песков, додавајќи дека нема посебни ограничувања во однос на овој конкретен случај.

Песков потсети дека според руските закони, барањето на осуденото лице за помилување треба да помине низ територијалните и регионалните власти пред да биде доставено до Кремљ. Потоа шефот на државата носи одлука.

Московскиот Градски суд во вторникот го прогласи Фроде Берг за виновен за шпионажа против Русија и го осуди на 14 години затвор. Берг собирал информации за руските нуклеарни подморници, кои ги добил од вработен во одбраната кој дејствувал под контрола на специјалните служби. Обвинителот рече дека Берг работел за норвешката разузнавачка служба за паричен надомест.

Треба да знаете
Последни објави