Search

Путин, Меркел и Макрон со телефонски консултации за Украина и Иран

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за кризата во Украина.

Тие зборувале по телефон, а според Кремљ, акцентот бил ставен на ситуацијата во Украина по изборот на Зеленски за претседател, објави ТАСС.

„Разговараа за ситуацијата во Украина, со оглед на неуспешната политика на администрацијата на Петро Порошенко и промената на државното раководство во Украина“, стои во соопштението.

Путин за време на разговорот кажал дека приоритет е спроведувањето на законот за специјален статус за одредени региони на Доњецк и Луганск.

Путин, Меркел и Макрон, исто така, разговарале за Иран и се согласиле дека треба да останат посветени на трговско-економската соработка со таа земја.

Тие биле согласни и дека треба да се сочува нуклеарниот договор, оценувајќи дека тоа е клучен фактор во зачувувањето на меѓународната стабилност и безбедност.

Треба да знаете
Последни објави