Search

Путин и понуди на Саудиска Арабија руско оружје

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска и понуди на Саудиска Арабија руско оружје. Неговата понуда уследи по нападите врз саудиските нафтени постројки.

– Подготвени сме да обезбедиме значителна помош за Саудиска Арабија и земјата би донела мудра државничка одлука како што своевремено направи Иран со купувањето на С-300 и како што турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган направи кога го купи последниот С-400 противвоздушен одбранбен систем од Русија, изјави Путин во Анкара, каде присуствува на трилатералната средба (Турција – Иран – Русија) за Сирија.

– Тој додаде дека таквото оружје би ја заштитила секоја инфраструктурна постројка во Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави