Search

Путин и Нетанјаху разговараа за соработката во борбата против коронавирусот

–  Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изразија одлучност да ја подобрат координацијата во борбата против ширењето на коронавирусот, соопшти прес службата на Кремљ.

„Соговорниците разговараа за одредени актуелни прашања од билатералната соработка” се наведува во соопштението н Кремљ и се додава дека двајцата лидери се одлучни да ја засилат соработката во сузбивањето на ширењето на инфекцијата на коронавирусот, пренесе Тасс.

Путин, исто така, на Нетанјаху му ја честитал претстојната Пасха, големиот еврејски празник.

Телефонскиот разговор бил направен на иницијатива на Нетанјаху и притоа бил постигнат договор за контакти меѓу двете земји на различни нивоа.

Треба да знаете
Последни објави