Search

Путин и Кадими разговараа за ситуацијата во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше за ситуацијата во Сирија со ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, објави прес-службата на Кремљ.

Двајцата државници се согласиле за понатамошна координација на чекорите за да се обезбеди долгорочно нормализирање на ситуацијата во Сирија, враќање на суверенитетот на земјата и територијалниот интегритет, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави