Search

Путин испрати телеграма со сочувство до Вучиќ по повод смртта на патријархот Иринеј

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до српскиот претседател Александар Вучиќ по повод смртта на српскиот патријарх Иринеј.

„Почитуван претседател, примете го моето искрено сочувство за таа огромна загуба, за смртта на Неговата Светост српскиот патријарх Иринеј“, се вели во телеграмата, пренесе „Спутник“.

Путин оцени дека патријархот Иринеј го заслужува авторитетот што го има во својата татковина, како и во странство, исклучиво преку своите дела.

Како што рече, неговите главни напори биле унапредување на највисоките духовни вредности, но и зајакнување на единството на целиот православен свет.

„Ве молам, пренесете ми сочувство и зборови на поддршка на целото свештенство на Српската православна црква, како и на целиот српски братски народ“, додаде Путин.

Српскиот патријарх Иринеј почина на 90-годишна возраст во Воената болница во Белград.

Треба да знаете
Последни објави