Search

Путин: Европа не сака американски ракети, ама не смее да се буни

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека европските земји не сакаат да гледаат американски проектили на нивна територија, но дека нивните челници не смеат да му се спротивстават на Вашингтон, пренесува агенцијата „Тасс“.

„Дали мислите дека било која од европските земји сака американски проектили со среден дострел да бидат поставени во Европа? Никој не го сака тоа, но подобро им е да си молчат. Се прашувам каде ли е нивниот суверенитет“, изјави Путин.

Тој тврди дека Европскиот парламент донесува многу повеќе обврзувачки одлуки кои се однесуваат на сите земји-членки на ЕУ, одошто поранешниот Врховниот Совет своевремено носел за членките на Советскиот Сојуз.

„Целосно независни земји едноставно не постојат“, констатира рускиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави